Advertisement
Авион кој лета на релација Венеција-Скопје повеќе од 20 минути кружи над скопската котлина и не може да слета на скопскиот аеродром, објави 4news.mk.
Advertisement
Густата магла и намалената видливост се причините поради кои авионот на Wizz Air не може да слета на аеродромот.
По четири неуспешни обиди за слетување, летот од Венеција беше пренасочен кон Приштина.
Авионот пак од Варшава, само што стигна до Приштина добил известување дека поради лоши временски услови мора да се врати назад.
Advertisement