Административците бараат пари за превоз – Бесими: Перспективата е во приватниот сектор

news
Advertisement

На државните административци не им стигнува плата за да ги покријат и патните трошоци. Бараат државата некако да најде начин и покрај платата да им исплати и патни трошоци. Ова беше едно од барањата произлезено од присутните на средбата на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети со министрите од ДУИ во Гостивар.

Advertisement

Според Адис, еден од ретките граѓани кој имаше прашање за Ахмети, Гостивар нуди многу малку можности за вработување, а вработувањето во гостиварските институции е ограничено. Главниот град нуди повеќе можности, но ако се вработат во Скопје тогаш платата ја трошат за превоз.

„Проблем е превозот, значи еден млад приправник доколку се вработи во Скопје со 22 илјади денари плата, 7 илјади чини превозот од Гостивар. Патуваат главно од четири градови, Велес, Куманово, Тетово и Гостивар и мислам дека може да се реши тоа и не бараме многу средства од буџетот. На овој начин ќе се мотивираат младите за да се вработат во Скопје“, вели жител.

Првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за финансии, Фатмир Бесими од Гостивар, ветија дека ќе ги разгледаат можностите за надомест на патните трошоци, но и двајцата инсистираа младите да бараат работа во приватниот сектор, бидејќи според нив, таму има подобри плати и услови.

„Повеќето и понатаму сакаат да работат во државната администрација. Тоа што ќе ја движи економијата напред, што ќе донесе нови работни места е приватниот сектор. Инвестиции, нови технологии, кои ќе отворат не само нови работни места, туку ќе ја унапредат економијата на земјата. Администрацијата се финансира од даноци, даноците ќе ви се вратат преку помали плати“, додава Фатмир Бесими.

Според последниот извештај од регистарот за вработени во јавниот сектор, во земјата имаме околу 132 илјади вработени во администрација кои работат во 1346 институции.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.