АКЦЕЛЕРАТОР СОБИРАЛ ПРАШИНА 10 ГОДИНИ ВО БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА Ревизорите откриле и дека на немедицински кадар му се исплаќани дежурства

news
Advertisement

Акцелераторот за третман на онколошки пациенти повеќе од 10 години стои неупотребен. Немедицински кадар незаконски земал пари за дежурства. Само лани добиле 15.000 евра, а заедно со на лекарите и сестрите по овој основ и без согласност од Министерството за здравство исплатени се 600.000 евра.

Advertisement

Ова и низа други неправилности во финансиското работење на ЈЗУ Клиничка болница-Битола го утврдиле во последната ревизија државните ревизори.Акцелераторот е за третман на онколошки заболувања, а набавен бил од Министерството за здравство во периодот од 2012 до 2017 година и чинел близу 1,6 милиони евра.

„Со направениот увид на ЕСЈН врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известувања за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки во врска со овој аксцелератор. Имено, во текот на 2012 година, склучен е договор за набавка на линеарен аксцелератор во вредност од 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 761 илјади евра. Во текот на 2017 година е склучен договор за набавка на онколошки информациски системи, системи за запишување и верификување на радиотераписки третман во вредност од 403 илјади евра“, пишува во извештајот на ДЗР.

Ревизорите препорачале акцелераторот да се стави во функција.

„Имајќи ја предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетските средства, ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на Болницата во соработка со Министерството за здравство за ставање на апаратот во употреба“, се наведува во Извештајот на ДЗР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *