Анален секс – како да уживате во него

Life news
Advertisement

И додека некои жени помалку уживаат, на мажите им е исклучително возбудливо. Иако многумина веруваат дека аналниот секс е плод на изопачената имагинација на современите неживи луѓе, тој датира од античка Грција, а со задоволство го практикувале и старите Римјани.

Advertisement

Во минатото аналниот секс беше начин за уживање, но пред се за заштита од несакана бременост. Денес работите се малку поинакви. Постоењето на апчиња за контрацепција овозможува безбеден секс, па аналниот секс се практикува исклучиво за, како што велат, своевидно задоволство. Колку и да звучи контрадикторно, тој знае да биде многу болен, а токму тоа е причината поради која некои жени се обидуваат да го избегнат. Значи, доколку сакате да пробате анален секс со вашата поубава половина, мора да внимавате страста да биде обострана.

Лубрикатори
За разлика од „влажната средина“ на која сте навикнати, анусот е различен. Но, во аптеките можете да купите лубриканти исклучиво наменети за анален секс. Меѓутоа, ако забележите чувство на печење по нанесувањето, веднаш измијте го и престанете да го користите.

Не брзајте, полека
За аналниот секс да биде интересно искуство за двајцата, неопходно е да се чувствувате удобно. Како што веќе спомнавме, кај жените може да биде многу болно, со оглед на тоа што аналниот отвор е многу тесен. Затоа мажот мора да биде многу внимателен кон својата партнерка. Пенетрацијата мора да биде многу побавна од вообичаеното, а како што отворот постепено се шири, можете да го забрзате темпото. Меѓутоа, доколку забележите дека вашата партнерка не се чувствува удобно, не смеете да ја мачите со вашето инсистирање.

Кондом
Доколку по неколку минути практикување анален секс повторно го сакате „класикот“, не заборавајте да го смените кондомот. Во спротивно, партнерот може да има проблеми со широк спектар на инфекции кои понекогаш може да се претворат во многу поголеми проблеми.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *