БЕСА: Животот на Владата ќе ѝ се продолжи само за некој месец, со Алијанса

news
Advertisement

Според Движењето Беса, ако Алијанса за Албанците влезе во Владата, земјата ќе оди на предвремени избори.

Advertisement

„Нема сериозна заложба на СДСМ како што има на ДУИ да создаде ново парламентарно мнозинство со внесувањето на Алијанса и на некој начин мислат дека со ова можат уште повеќе да ја туркаат својата Влада. Политичката и институционалната криза е многу длабока, нема излез во овој пратенички мандат, а државата навистина треба да оди на предвремени избори. Влегувањето на Алијанса за Албанците може да ѝ даде живот на Владата 2-3 месеци, повеќе не“, вели за Алсат, Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Од владејачката Алтернатива пак, велат дека Алијанса влегува во Владата за да ѝ ги пополни на ДУИ пратеничките места што ѝ недостасуваат.

„Единствената причина за која имаме генерално објаснување е поради немањето број на пратеници од ДУИ поради случувањата што се случуваат таму. Ми се чини дека во овој случај Алијанса за Албанците влегува во овој состав за да ја спаси загубата на бројките што ги има ДУИ“, вели Зеќирја Ибрахими, Алтернатива.

Лидерот на АА, Таравари најави дека неговата партија мора да стане дел од Владата или ќе има предвремени избори.

-Постои реална можност за влез на Алијанса во Владата бидејќи тоа го бара и меѓународниот фактор. Ако не станеме дел од Владата – тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Во Собранието сме 60 спрема 60 и нема мнозинство без помош на Алијанса. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме тој процес. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација, изјави Таравари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.