Бесими: Нашето економско чудо може да се случи единствено со членството во ЕУ

news
Advertisement

Членството во ЕУ е клучниот фактор за нашата просперитетна иднина и за економски раст и таа можност не треба да се пропушти, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на панел дискусијата насловена „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“ што се одржа во рамки на Годишната конференција Година на европски можности.

Advertisement

„Доколку направиме споредба со земјите кои станале економско чудо, дали се на Далечниот, Блискиот Исток, во Европа или се дел од ЕУ, заеднички именител на сите меѓу другото е тоа каков пазар имате обезбедено, човечкиот капитал и обрзованието, инвестициите и добрата деловна клима и владеење на правото. Нашето економско чудо може да се случи единствено со членството во ЕУ. Тоа е така бидејќи економијата функционира на тој начин. Односно ќе ги имате трите основни компоненети: 1) човечкиот капитал, науката и технологијата, 2) инвестициите, инфраструктура, зелена и дигитална трамсфорацика, и 3) јаки институции и владеење на правото. Остануваат уште две компоненти за раст а тоа е 4) општествен консензус за клучните теми што основата на клучните реформи и 5) членството во ЕУ, како перспектива со нови можности“, рече министерот Бесими на панел дискусијата.

Тој додаде дека ова се петте клучни компоненти за нашето економско чудо и дека не треба да пропуштиме ниту една можност за да го оствариме тоа и да станеме членка на ЕУ, да станеме економско чудо и да обезбедиме подобра иднина за сите.

Во дискусијата посочи дека членството почива на реформи кои не се едноставни, но се утврдена можност за трансформација на нашата економија и на нашето општество.

„Реформите не се едноставни и во нивното спроведување треба конзистентност и истрајност. Процесот треба да има поддршка и да се нема страв. Тој ќе не донесе да ја живееме Европа тука, не во Берлин или во некој друг европски град. За да ја обезбедиме европската иднина е потребен консензус за клучните промени“, потенцира министерот Бесими.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *