Битолчанката Ајтен Алиеска освои златен пехар на Интернационалниот Golden hair Festival во Анталија: „За секоја жена е важен изгледот“

Битолчанката Ајтен Алиеска освои златен пехар на Интернационалниот Golden hair Festival во Анталија: „За секоја жена е важен изгледот“

news
Advertisement

Битолчанката Ајтен Алиеска освои златен пехар на Интернационалниот Golden hair Festival во Анталија: „За секоја жена е важен изгледот“

Advertisement

„За да бидете успешни, првото нешто што треба да го направите е да се заљубите во вашата работа“, вели Ајтен Алиеска oд Битола која ја претставуваше Македонија на светското првенство за фризери во Анталија. 

Оттаму, Ајтен се врати со златен пехар во раце. Ајтен освои прво место за свечена и невестинска фризура на Интернационалниот Golden hair Festival во Анталија.

Ајтен има сопствено физерско студио веќе 15 години и вели дека досега иа учествувано во многу натпревари и семинари во Бугарија, Србија, Италија, Албанија, Турција, Австралија, Грција, но последното натпреварување и донесе златна награда.

„Имавме многу учесници од Македонија каде што исто мои колеги добија прво место за шишање и авангард фризура. Ова ми беше најубаво чувство досега бидејки беше на светско ниво оценувано од светски познати фризери“ – вели Ајтен.

Оваа 38 годишна мајка вели дека за секоја жена е важен изгледот.

„За да бидете успешни, првото нешто што треба да го направите е да се заљубите во вашата работа . Јас сум заљубена во мојата работа и давам сѐ од себе за да продолжам да носам нови трендови во мојата Македонија“, додава Ајтен.

Нашата соговорничка вели дека нема многу слободно време, а кога има најчесто го поминува со нејзините ќерки.

Ирена Ставрова

Advertisement