Борко мора да е горд: За роденденот на Анастасија, Нина се потрудила тие две да носат исти фустани

Борко мора да е горд: За роденденот на Анастасија, Нина се потрудила тие две да носат исти фустани

news
Advertisement

Борко мора да е горд: За роденденот на Анастасија, Нина се потрудила тие две да носат исти фустани

Advertisement

Преслатко

За прославата по повод 2 роденден на ќеркичката Анастасија, Нина Ристовска, сопругата на министерот за спорт и поранешен ракометар Борко Ристовски се потрудила тие две да носат исти фустани. 

Во лелеави бели фустанчиња со црни точки мајката и ќерката изгледат преслатко.

Дали овој модел е дело на самата Нина, која пред извесен период откри дека има голема страст и желба да твори и дизајнира облека, не знаеме. Но едно е сигурно, дизајнот, материјалот и додатоците на фустаните се совршени за доаѓањето на колоритната и топла пролет. 

Очигледно малата Анастасија заедно со брат ѝ Душан и другарчињата уживала во забавата, а особено во декорацијата на „Бејби Шарк“. Анимиран херој кој го обожаваат помалите дечиња. 

Мама Нина и тато Борко се потрудиле и поголемите дечиња да имаат забава, па за нив на прославата се појавил омилениот нивен лик – суперхеројот Спајдермен.

Р.Ж.М.

Фото: инстаграм/ Фејсбук

Advertisement