Братот на исчезнатата Лидија фрли ново светло на случајот: “Дома ми дојдоа инспектори, да пребараат”

Братот на исчезнатата Лидија фрли ново светло на случајот: “Дома ми дојдоа инспектори, да пребараат”

news
Advertisement

Advertisement

„На сите овие трауми, слушаме и разни шпекулации, дека наводно самата побегнала, па дека кај мене се криела.. Дома ми дојдоа инспектори, да пребараат. Воопшто не ни се од помош шпекулациите, и без тоа минуваме низ претежок период“. Ова е дел од потресното сведоштво на Александар Јоциќ, братот на Лидија Трајковска од скопско Јурумлери која мистериозно исчезна пред три недели. Тој не е задоволен како напредува истрагата. Раскажува дека семејството е во една безизлезна ситуација и прашува дали самите тие треба да ја бараат Лидија, без помош од институциите. „Барам да се пребара детално и темелно коритото на реката Вардар, во делот каде беа пронајдени нејзините цигари и запалка. Да можев, сам ќе влезев внатре во водата и ќе барав“, вели тој за „Фокус“. Пред една недела се огласи и ќерката на Лидија која е бремена. Таа за 24Инфо изјави дека низ градот се слушаат разни приказни за нејзината мајка и истите ги коментира како дезинформации. Нејзиниот сопруг, пак, кажа дека таа последен пат била забележана на камери во пет часот наутро на автобуска постојка во нивното село. „Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива. Прати ни нешто, барем некој сигнал, прати ни абер. Ти не би направила ништо за да не’ уништи нас. Нашите ќерки, јас, те очекуваме. Дај ни барем еден сигнал, јави се од некаде. Нашата надеж уште постои. Ти си жива и ќе бидеш жива, ние ќе го продолжиме животот јави се каде и да си душо моја“, изјави Свето Трајковски пред две недели за Телевизија 24.

Advertisement