„Гробиштата се места каде што можете да ги најдете најубавите имиња“, напишала трудницата.
Ја гледаме Хејли како шета со децата и нејзиниот сопруг на гробиштата Олд Смитвил во Северна Каролина, додека поминува покрај надгробните споменици со имињата Ела, Вини, Виена… Американката потоа ги прашува своите следбеници дали „имаат омилено“.
Клипот има „собрано“ повеќе од 2,5 милиони прегледи, со 3.500 коментари, па јасно е колкаво внимание предизвика,
Мислењата на корисниците се разликуваат. Некои сметаат дека тоа е начин да се „оддаде почит на починатите“, додека други тврдат дека тоа е „невкусно и неетички“.
„За мене гробиштата не се страшни места, туку „библиотека“ полна со приказни. Секој споменик го претставува животот на поединецот. Според мене, смртта не е крај. Тоа е почеток на нова авантура и верувам дека е рајот“, рече Хејли.
Таа истакнува дека не знае како ќе се вика третото дете.
„Ќе посетиме повеќе гробишта додека не добиеме комплетен список. Само тогаш ќе донесеме одлука“, рече таа.