Advertisement
Advertisement
Педесет годишна жена од Пишкоровац кај Меѓимурје во Хрватска починала во возило на Брза помош од истрел од огнено оружје, поради што нејзиниот син е приведен, информираат од меѓумурската полиција, а според неофицијални информации најверојатно се работи за несреќен случај. Полицијата ги утврдува околностите на настанот во ромската населба Пишкоровац, додека 20-годишникот е приведен за кривична истрага. Се претпоставува дека тој најверојатно ја чистел пушката кога дошло до истрелот. Повеќе информации се очекуваат по увидот.
Advertisement