Верувале или не, ова не е шума туку само едно стебло

news
Advertisement

Натал е главен град на сојузната држава Рио Гранде ду Норте на североистокот на Бразил, а на светот му е познат и како место во кое расте најголемото дрво со индиски ореви.
Доколку го погледнете дрвото од птичја перспектива, ќе ви се чини како да гледате цела шума. Но, станува збор за само едно стебло кое се простира на околу 8500 квадратни метри.

Advertisement

Најголемото дрво со индиски ореви на светот е запишано и во Гинисовата книга на рекорди, а познато е како Кажуеиро де Пиранжи. Името го добило по најпознатата плажа во Натал – Пиранжи, која се наоѓа во негова непосредна близина.
Ова зимзелено тропско дрво е со обем од околу 500 метри, а зафаќа површина од отприлика 70-тина „нормални“ стебла со индиски ореви. Причина за тоа се генетски абнормалности. Имено, гранките на дрвото растат странично, а во моментот кога ќе го допрат тлото развиваат корен и започнуваат да растат како посебно дрво.

Се претпоставува дека дрвото го засадил рибарот Луис Инасио де Оливеира уште дамнешната 1888 година, иако многумина веруваат дека Кажуеиро де Пиранжи е старо илјада години. И покрај своите доцни години, дрвото сè уште е плодно, а секоја година на него растат околу 60.000 плодови.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.