Видео: Авион слета на автопат и удри во камион полн со луѓе

news

Мал авион во вторникот околу пладне слета на автопат во Калифорнија. При слетувањето удрил во камион полн со луѓе, а потоа се запалил.

Advertisement

За среќа нема повредени. Државната патрола на Калифорнија соопшти дека авионот се урнал на источните ленти на автопатот 91 во округот Риверсајд, пренесува New York Post.

На социјалните мрежи се појави неверојатна снимка од авион како удира во камион, оставајќи зад себе трага од авионско гориво. Пилотот и патникот успеале безбедно да го напуштат леталото. Според зборовите на пилотот, тој морал да го приземји авионот поради дефект на моторот.

„Голема среќа е што сообраќајот беше слаб. Се чини дека пилотот успеал да избегне голема трагедија при слетувањето“, изјави Леви Милер, шеф на локалната патрола.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.