ВИДЕО | Каде си Меси? Саудијците се хит во Катар по победата против Аргетина

news
Advertisement

Најголемата сензација досега на Мундијалот ја приреди Саудиска Арабија откако денес во првиот натпревар славеше победа од 1:2 против Аргентина.

Advertisement

Поведоа Аргентинците со голот на Лионел Меси од пенал во првото полувреме, но во продолжение аутсајдерот во овој натпревар предизвика фудбалски земјотрес со двата гола во вториот дел.

Секако, станува збор за една од најголемите победи на Саудиска Арабија во историјата. Токму затоа и разбирлива е радоста на нивните навивачи кои сега се вистински хит во Катар.

Интересни беа фановите на оваа репрезентацијата и пред почетокот на натпреварот бидејќи на стадионот пристигнаа со арап качен на коњ и џиновски дрес.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.