Advertisement
Стотици автомобили се заглавени на грчкиот граничен премин „Евзони“. Во три колони, сите кои викендов сакаат да отидат во Грција, и по еден час стојат пред преминот. На границата не се пропуштаат возила речиси половина час.
Advertisement
Грчките граничари не пропуштаа возила ниту за влез во Македонија. Причината за застојот не е позната.
Возачите се нервозни и реагираат. Дел од нив чекаат и надвор од автомобилите.
Advertisement