Актерката Елизабет Харли која има 57 години во костим за капење покажа дека годините за неа се само бројка и дека изгледа подобро од било кога
Во шестата деценија Елизабет мами воздишки каде и да се појави, а овој пат опасно провоцира.
Овој пат ја воодушеви публиката со кратко видео на кое скока во сино бикини со златни детали и гордо ги покажува своите облини.
https://www.instagram.com/elizabethhurley1/?utm_source=ig_embed&ig_rid=0a587d8f-6e83-4ecc-9420-f3b679537320
„Најубавата жена на светот“, „Волшебно“, „Жешка како пекол“, „Божествена“, „Оваа жена со годините станува поубава“, „Лудо е колку добро изгледаш“, се дел од коментарите.
Инаку, актерката често на социјалните мрежи споделува провокативни фотографии, најчесто во различни костими за капење. Таа откри дека тоа го прави не само за да ја покаже својата витка линија, туку и од деловни причини.
-Имам своја линија на костими за капење. Во спротивно не би парадирала толку многу во костим за капење – изјави таа во едно интервју.
Да потсетиме дека методите што ги користи Елизабет за одржување на телото и духот се многу едноставни. Имено, атрактивната бринета не може да замисли оброци без свежо овошје и зеленчук:
„Половина од секој оброк мора да се состои од овошје или зеленчук. На пример, ако појадувам сендвич, дефинитивно ќе јадам јаболко. Не јадам слатки , ретко пијам алкохолни пијалоци“ објасни таа.