Некогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери денеска станува првиот премиер Албанец во Македонија.
Собранието денеска ќе ја одржи 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Северна Македонија.
ТВ Клан утрово го посети Талат Џафери во неговиот дом, а Џафери посочи дека порано било табу да се зборува дека Албанците се на чело на институциите, додека сега тоа е реалност.
„Мислам дека е навремено и не е доцна, поради фактот што процедуралните и формалните аспекти се утврдени со Законот за Влада. Со што се определува дека 100 дена пред одржувањето на изборите мора да има техничка влада, на која приоритет му е организацијата и непреченото одвивање на изборниот процес, а не само аспектите на владините овластувања и функционирањето на институциите. Верувам дека е во вистинско време и во вистински момент“.
Во продолжение погледнете кој и како го испрати првиот премиер Албанец од дома:
https://fb.watch/pRUWZvHkvy/?mibextid=Nif5oz