(Видео) Украинската војска ослободи село од Русите – мајката на еден од војниците ги воодушеви сите со својата реакција

news
Advertisement

На интернет се прошири снимка од моментот кога украинската војска ослободи село од руската окупација, а на која се гледа мајката на еден од војниците како воодушевено трча кон возилото каде што беше нејзиниот син. Снимката ги воодушеви сите присутни со нејзината реакција.

Advertisement

„Љубов моја, те чекав! Знаев дека ќе дојдеш, знаев”, му рече мајката на синот, на што тој одговорил:


„Мамо, изгледаш одлично како и обично. Многу ми недостигаше“.
Тие се прегнуваа пред мајката да им понуди храна на синот и на неговите другари.

„Момци, јас зготвив борш! им рече таа.
Иако од видеото не е јасно за кое украинско место се работи, најверојатно тоа е источниот дел на земјата, каде што е во тек украинската контраофанзива./Tocka.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.