Дачиќ рече дека постои сомневање дека возачот директно удрил во автобусот во Младеновац.
– Уште еднаш би сакал да апелирам до сите учесници во сообраќајот навистина да бидат многу, многу внимателни. И еве, според пријавите што ги добив од сообраќајната полиција, се уште се врши истрага, но се чини дека за несреќата всушност е виновен возачот на спортскиот автомобил и што извртел на погрешна лента и удрил во автобусот директно, лента која оди во спротивната насока“ рече министерот.
Додаде дека ова се моменталните информации што ги добил од полицијата, но истрагата е во тек.
– Но, уште еднаш велам, јас секогаш кога ви давам информации, морам да кажам дека тоа е информација што сега ја добивам од полицијата, дали истрагата ќе покаже така или не, не знам – додаде тој.
Дачиќ изјави дека на патиштата во Србија веќе неколку дена се спроведува зголемена контрола на сообраќајот.
Тешката сообраќајна несреќа се случи утринава кај Младеновац, а возачот на автомобилот загина на лице место, додека 37 лица се повредени. Директниот судир се случил утрово во 5 часот и 40 минути.
Предниот дел од автобусот, како и патничкото возило биле целосно згмечени, а делови биле расфрлани по целиот коловоз.