На Телеграм кружи вознемирувачко видео од тепање и малтретирање на две млади момчиња на сред улица во Земун, Србија. На снимката се гледаат раскрвавени момчиња со искинати кошули, кои непознат напаѓач ги тепа и ги снима. Еден од нив е толку претепан, што не може ни да застане на нозе.
Овде во Земун дојдовте да се к*рчите, вика непознатиот маж и го удира возачот, додека една девојка го моли да престане.
Напаѓачот најверојатно се вика Марко, бидејќи во еден момент на видеото се слуша како девојка го извикува тоа име, молејќи го да престане да ги удира младите момчиња.
Насилникот држи банкнота од 50 евра во рака и бара да му дадат уште пари.
Дај уште пари! Дај одма! Што даде?! 50 евра, разочарано вика напаѓачот додека возачот објаснува дека нема повеќе пари
Колку што може да се заклучи од видеото, нападот врз момчињата се случил по сообраќајната несреќа.