Истражување на британската компанија Love Honey во фокус ја ставила темата во кој дел од денот жените и мажите се најмногу расположени за секс. Во истражувањето учествуваа 2.300 возрасни лица.
Кога станува збор за жените, 70% од нив потврдиле дека нивниот партнер не е расположен за секс кога тие се чувствуваат подготвени за акција, а тоа е во период од 22 часот па до 2 часот наутро.
Од друга страна, мажите се најрасположени за утрински секс, поточно од 6 часот до 9 часот.
Сѐ уште не сте сигурни во веродостојноста на податоците? Па изгледа дека компанијата Love Honey многу се потрудила за своето истражување и успеале да установат дека мажите се најрасположени за секс во точно 7 часот и 54 минути, додека жените за акција се најподготвени во 23 часот и 21 минута.