Во петок одлучувате за иднината – Писмо од Османи до пратениците за уставните измени

news
Advertisement

Писмо од министерот Бујар Османи до пратениците за почетокот на собраниската дискусија за уставните измени, 17 август 2023

Advertisement

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, 17 август 2023, им испрати писмо до пратениците во македонското Собрание, во пресрет на утрешниот почеток на дискусијата и усвојувањето на уставните измени со кои треба, меѓу другите, да се внесат и Бугарите во Уставот, како дел од зачленувањето на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ).

„Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе.
Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет“, им напишал Османи на пратениците.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *