Вработените во јавните обвинителства почнаа со штрајк

news
Advertisement

Вработените во јавните обвинителства денеска стапија во штрајк и бараат зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.

Advertisement

„За време на одржување на штрајкот вработените во јавните обвинителства нема да работат ниту ќе бидат на своите работни места. Штрајкот ќе се спроведува во салите за состаноци на обвинителствата, холовите, заедничките простории или пред зградите на Јавните обвинителства“, информираше Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Штрајкот, кој започнува денеска, Деаноски вели дека ќе се одвива во сите 28 јавни обвинителства на територијата на државата и ќе трае се до исполнување на барањата. За време на штрајкот ќе се извршуваат единствено итните и неодложни работи, односно согласно законските прописи штрајкувачите ќе работат предмети во кој има само притвор, претрес или неодложни жалби, додава Деаноски.

Извор: https://alsat.mk/mk/vrabotenite-vo-javnite-obvinitelstva-pochnaa-so-shtrajk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *