Advertisement





Цариниците од граничниот премин Табановце денеска во автобус на влез во Македонија открија и привремено запленија 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра.
Advertisement
Автобусот бил со македонски регистарски ознаки на редовна линија од Пореч, Хрватска, до Гостивар. При прегледот со мобилен скенер воочени биле неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока е предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
Дополнително, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок, соопшти Царинската управа.
Advertisement