Голема тага го погоди домот на НФЛ-ѕвездата Чарвариус Вoрд, откако вчера почина неговата едногодишна ќерка, Амани Џој. Амани Џој ја загуби тешката борба за живот која траеше од самото раѓање. Таа беше родена предвреме, имаше Даунов синдром и две дупки во срцето. Бекот на Сан Франциско ја сподели својата емотивна изјава за трагедијата на социјалните мрежи: „Нашите срца се скршени затоа што нашето прекрасно девојче Амани Џој почина во понеделник наутро. Таа беше најголемиот благослов кој можевме да го посакаме, а нејзиниот весел дух нè насмевнуваше од уво до уво. Таа нè научи на трпение, доверба и позитивен став кон животот. Ни покажа вистинска сила и храброст“, напиша Вoрд, некогашен шампион во најсилната лига во американскиот фудбал. „Привилегијата да бидеме нејзини родители и да го гледаме светот низ нејзините очи нè промени на подобро. Таа секогаш ќе биде најдобриот пријател на тато и мамината девојка. Многу ќе ни недостасуваш и секогаш ќе те сакаме, Амани Џој“, објави скршениот од болка татко на малото девојче. Чарвариус Вoрд е под договор со Сан Франциско од 2022 година, откако претходно три години играше со Патрик Махоумс за Канзас сити чифс. За време на кариерата во Канзас сити, тој стана НФЛ-шампион победувајќи го токму Сан Франциско во Супербоулот во 2020 година со резултат 31-20. Освен овие два тима, Вoрд беше и член на Далас каубојс.
Голема трагедија во домот на познатиот спортист, почина неговата едногодишна ќерка
Advertisement
Advertisement
Advertisement