Пејачката секогаш отворено зборува за интимноста
Поп-пејачката Гоца Тржан, која е во хармоничен брак со Радомир Новаковиќ Раша, позната по својата отвореност во разговорите за интимни теми, неодамна повторно го привлече вниманието на јавноста со својот коментар за тоа колку долго трае совршениот интимен чин.
Имено, Гоца изјавила дека според научните факти кои ги прочитала, совршениот однос трае 12 минути. Но, таа неодамна се врати на темата и низ смеа изјави дека сепак е премногу.
– Тоа е предолго. Причината е е тоа што во тие 12 минути треба сè да се случи. Не го малтретираш мажот да мора да трпи не знам до кога, ти не се малтретираш со гимнастика и тоа е ок – заклучила пејачката.
Покрај тоа, Гоца неодамна ја истакна важноста на отворен разговор за интимни теми.
Таа призна дека смета дека тоа е исклучително важна тема за разговор и дека е важно родителите да разговараат со своите деца за секс за да избегнат некои тешки ситуации во иднина.
Гоца истакна дека, иако кога била помлада експериментирала и водела љубов на разни места, сепак е најопуштена во спалната соба.
Таа нагласи дека големината не е важна, ако партнерот знае што прави.
Со својата отвореност и став, Гоца Тржан уште еднаш покажа дека е подготвена да се соочува со табу теми и отворено да се осврнува на нив, а дека сексуалното образование е клучно за формирање здрави ставови за интимноста.
Како јавна личност, Гоца Тржан продолжува да биде глас кој поттикнува разговор за теми кои често се сметаат за табу, нудејќи го своето искуство и ставови за да придонесе за поотворено и поздраво општество.
Фото:Инстаграм