Гроси: Нуклеарната електрана „Запорожје“ е вон контрола, потребен е влез на експерти за да се избегне катастрофа

news
Advertisement

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа.

Advertisement

Тој истакна дека ситуацијата секој ден станува се поопасна во Запорожје, во градот Енерходар, што руските сили го зазедоа на почетокот на март.

– Во електраната е прекршен секој принцип на нуклеарна безбедност. Она што е во прашање е крајно сериозно и опасно. Има парадоксална ситуација, централата е контролирана од Русија, но нејзиниот украински персонал продолжува да ги води своите нуклеарни операции, што доведува до неизбежни тензии и конфликти, истакна Гроси.

Тој додаде дека иако МААЕ има одредени контакти со персоналот во нуклеарната централа, тие се „нецелосни“ и многу вознемирувачки. Според него прекинат е синџирот за набавка на опрема и резервни делови.

– МААЕ, исто така, треба да изврши многу важни инспекции за да утврди дека нуклеарниот материјал е заштитен. МААЕ мора да оди во Запорожје, како и во Чернобил, за да ги утврди фактите, што всушност се случува таму, да изврши поправки и инспекции и да спречи да се случи нуклеарна несреќа – посочи Гроси.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *