Сè почесто присуствуваат на различни настани одделно.
Иако омразена во светот, а особено во британската јавност, една работа не може да се оспори за војвотката од Сасекс – нејзиното беспрекорно чувство за мода.
Меган Маркл е препознатлива по минималистичкиот и елегантен стил, а нејзиниот изглед насекаде и секогаш ја докажува вистинитоста на изреката „помалку е повеќе“.
Ништо помалку од вообичаено, Меган не воодушеви ниту синоќа, кога се појави на настан во Беверли Хилс, за да го поддржи семејниот пријател и кумот на нејзината ќерка Лилибет.
Тајлер Пери е овогодинешниот добитник на престижната награда на медиа центарот „The Paley“, а за време на вчерашната презентација, Меган беше таму за да го поддржи.
На споменатиот настан таа дошла сама, без нејзиниот сопруг принцот Хари, а бидејќи парот извесно време не се појавувале заедно на вакви настани, тоа ги подгреало гласините за потенцијални брачни проблеми.
Како и да е, Маркл изгледаше расположено блескајќи во прекрасен црн фустан. Таа се смееше, дружеше и уживаше во друштвото на својот пријател, изгледајќи божествено во креацијата со храбар крој.
Овој топ фустан со голи рамена и деколте во облик на срце одлично ѝ прилегаше и покажа како класичните и едноставни парчиња никогаш не излегуваат од мода.
Посебно интересен детаљ е суптилниот шлиц на средината на фустанот, сличен на оној што Анџелина Џоли го прошета пред некој ден.
Целиот аутфит Меган го комплетираше со едноставни црни сандали, блескаво ланче и незабележлива нараквица, додека косата ја носеше собрана во пунџа, а шминката како и секогаш ја истакна нејзината природна убавина и црти.
Иако веќе има многу шпекулации за тоа дека војводата и војвотката од Сасекс минуваат низ брачна криза и се поблиску се до развод, тие двајца се уште не ги коментирале овие наводи.