На социјалните мрежи кружи секс предизвик што трае еден месец, во кој секој ден вие и партнерот имате нова задача.
И додека некои беа шокирани, други беа изненадени од новите идеи. Сега се поставува прашањето, дали би се решиле на овој храбар чекор?
Предизвикот трае 30 дена (31 ден, во зависност од месецот) и не може да се продолжи повеќе од 40 дена. Списокот може да се прошири и со други активности, а „дозволени“ се и паузи – секој во секое време треба да се чувствува слободен да каже „не“ за која било активност, а другиот, секако, да го почитува тоа.
Доколку се пропушти еден ден, се додава нов, но, како што е наведено, предизвикот не смее да трае подолго од 40 дена. Исто така, партнерите може да изберат активности од списокот што ќе ги направат прво, но на крајот на месецот пожелно е да ги имате поминато сите „задачи“.
Ден 1: Секс во кое било време од денот, само не пред спиење.
Ден 2: Истражете и пробајте нова секс поза.
Ден 3: Имајте секс двапати во текот на денот.
Ден 4: Читајте еротика пред спиење и прочитајте една приказна на глас.
Ден 5: Секс под туш.
Ден 6: Масирајте се еден со друг пред да имате секс.
Ден 7: Брз секс кој трае 10 минути или помалку. Изберете забавно место и време, како кујнската маса.
Ден 8: Секс во автомобил или веднаш штом ќе се вратите дома.
Ден 9: Секс на фотелја.
Ден 10: Направете си сензуална масажа пред секс користејќи го омиленото масло.
Ден 11: „Дозволен“ е само орален секс. Секој од вас нека го задоволи другиот, но не ја применувајте позата 69.
Ден 12: Играјте BDSM игра, откријте кој од вас двајцата повеќе ужива во улога на доминантен, а кој на субмисивен партнер.
Ден 13: Доведете се до оргазам со взаемно мастурбирање и по можност темпирајте се д кулминирате во исто време.
Ден 14: Најдете ново место за секс во куќата.
Ден 15: Гледајте се еден со друг како мастурбирате или користите секс-играчки.