Дали ретроактивната наплата на данокот на екстра профит ќе падне на Уставен суд?

news
Advertisement

Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните, пишува во Уставот

Advertisement

Уште од крајот на минатата година Владата го најави данокот на екстра профит на компаниите направен во 2022 година. Оттаму дури и излегоа со пресметка според која во Буџетот ќе се соберат 90 милиони евра, но не прецизираа дали тие пари веќе се вкалкулирани во овогодишниот буџет. Компаниите, по веста за оданочување екстра профитот во текот на минатата година, а во однос на просечните профити од претходните години, мудро молчат. Премиерот Димитар Ковачевски деновиве прецизираше дека предлог-законот е готов, но дека нема да се презентира додека целосно не се усогласи со стопанските комори.

практично би требало да биде „подваријанта“ на данок на добивка, новиот данок би се нарекувал „солидарен данок“. Но, правните експерти сметаат дека промената на името нема многу да промени.

– Ако се постигне договор со стопанствениците доброволно да плаќаат таков данок, тоа е една работа, но ако ја оспоруваат уставноста на тој солидарен данок, тоа е друга работа. И стопанствениците може да се повикаат на правна несигурност, на загрозување на уставното право на слобода на претприемништво. И регулативата за компаниите е специфична – вели правниот експерт.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи по најавата на новата давачка за компаниите објасни дека данокот ќе се однесува само за профитот остварен во 2022 година и тоа ако добивката е поголема од четиригодишниот просек.

– Компаниите што евентуално ќе се опфатат со законот се сите компании што имаат приход над 10 милиони евра во 2022 година. За симулација, компанија има просечен профит последните четири години од еден милион евра, ова во 2022 година му дозволува раст од 20 отсто, тоа значи 1,2 милиони евра. До 1,2 милиони евра ќе имаат иста даночна стапка каква што имало и сега за данокот за добивка. Разликата од 1,2 милиони евра до евентуално новиот профит, кој на пример е два милиона евра, односно на разликата од 800 илјади евра се пресметува 30 отсто данок на добивка само за оваа година, или дополнителни 240 илјади евра ќе бидат платени во име на данок на добивка – рече Битиќи.

Министерот за економија Крешник Бектеши, особено кога зборуваше за цените во продавниците, често зборуваше за големи профити што се остварувале во време на криза.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.