Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

News

Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајната несреќа која се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање.

Според првичните информации повредените се хоспитализарни во Општата болница во Кочани.

Несреќата се случила меѓу две патнички моторни возила со кочански регистерски таблички.

Претходно ОД АМСМ информираа дека од 20.30 часот сообраќајот на магистралниот пат Кочани-Штип е во прекин, а возилата се пренасочуваат кон селото Тракање кон експресниот пат Кочани-Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *