Advertisement
На 10.08.2022 во 12.30 часот на автопатот А1 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.М.(68) од Неготино, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило.“
Advertisement
Тој се сомничи дека неколку часа претходно во Скопје одзел патничко возило „шевролет авео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје. По целосно документирање на случајот против Ѓ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Advertisement