Advertisement
Advertisement
Известување од ЕВН дека на подрачјето на општина Битола има прекин со електрична енергија на повеќе локации. Издадени се налози за санирање на дефектите и сите екипи се на терен. МВР СВР Битола во координација со Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола работат на отстранување на паднато дрво на улица ,,Студентска” за да може нормално да се одвива сообраќајот. Сите прекини се последица на снегот кој наврна и натежнува на електричните кабли и жици во Битола и Битолско. * фотографијата е архивска
Advertisement