Денес е Тодорова сабота: Празник кога на младите девојки им се прикажува идниот брачен другар, еве што треба да направат

Денес е Тодорова сабота: Празник кога на младите девојки им се прикажува идниот брачен другар, еве што треба да направат

news
Advertisement

Денес е Тодорова сабота: Празник кога на младите девојки им се прикажува идниот брачен другар, еве што треба да направат

Advertisement

Тодорова сабота се прославува на првата сабота после Прочка. Тодорова сабота или Тодорица е празник кој е поврзан кон велигденскиот пост. 

Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. На овој ден именден прославуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача, а К. Шапкарев забе¬лежал дека во охридските села носеле колаци со четири проскурчиња „за воловско здравје“.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов на¬чин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префр¬лале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје“. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот“.

Јавувањето на Свeти Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота. Овој празник нема постојан датум, туку што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. 

За Тодорица се врзани повеќе обичаи и традиции. Во западна Македонија, на овој ден, се собирале ергените и невестите од повеќе села кои биле облечени во народна носија. Тие со своите родители шетале низ поголемите градови од западниот дел и така се запознавале и се бендисувале. Затоа, овој празник многумина го викаат „денот на бендисувањето“ или денот на љубовта. 

Денес именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар, кој доаѓа од Тео, што значи Бог и дар.

Во оваа прва сабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, коешто се случи вака: кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против христијаните. Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните. Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на Бога во првата недела од светиот пост, тој го повика управникот на градот и му заповеда да ги тргне обичните продукти од пазарот, а на нивно место да стави други, попрскани со крвта на идолските жртви. Така, сите што ќе купат и ќе јадат од таа храна, да бидат осквернети. Меѓутоа, Бог кој ги попречува лукавите ви нивните завери, а за нас, Неговите слуги, секогаш има промисла, ја разруши и оваа завера на Јулијан. Кон градскиот архиереј Евдоксиј, Он го праќа великомаченикот Теодор Тирон. И тој застана пред него, не во сон, туку на јаве, и му рече: собери го Христовото стадо и заповедај им на сите ништо од она што се продава на пазар да не купуваат, бидејќи е осквернето со крвта на идолски жртви од страна на нечестивиот цар. Архиерејот беше во недоумица и го праша што да јадат оние кои дома немаат доволно храна, доколку не докупат од пазарот? Светителот му рече со коливо за да го дополни недостатокот. Евдоксиј не разбра што точно е тоа „коливо“ и го праша светителот, а тој му објасни: варена пченица. Патријархот тогаш го праша кој е тој, што толку се грижи за христоименитиот народ? Христовиот маченик рече: од Него сум ви испратен за помошник. Патријархот направи како што му беше кажано, и го зачува Христовото стадо неосквернето и неповредено од лукавството. Јулијан кога виде дека неговата измама е откриена, се посрами и заповеда на пазарот да се врати обичната храна. Христијаните, пак, во знак на благодарност кон Благодетелот и кон маченикот, во саботата со коливо извршија радосен спомен. Оттогаш, и ние верните, ова чудо го обновуваме за да не биде заборавено, и го почитуваме великиот Теодор со коливо.

Извор: Denovi.mk
Фото: Denovi.mk/ Freepik.com

Advertisement