Вистинска драма утринава се случила во градинка во градот Острава во Чешка, кога родител (40) наводно ја зел како заложник воспитувачката, ѝ се заканил со нож и побарал да пристигне полиција. Инцидентот се случил утрово нешто пред 8 часот. Диспечерот добил повик од градинката дека маж ја земал воспитувачката како заложник и барал да се повика полиција“, изјави портпаролката на полицијата Ева Михаликова. Тој ѝ се заканувал на наставничката со нож, потврди полицијата. Тој ја напуштил градинката веднаш штом сфатил дека е повикана полиција, а во овој инцидент нема повредени. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а мажот бил уапсен на улица, на околу 150 метри од градинката. Направени се алко-тестови и нарко-тестови и двата се негативни. „Човекот не бил случаен минувач, тој е правен застапник на едно од децата во градинката“, додаде Михаликова. Полицијата го уапсила мажот и му го одзела џебниот нож со кој ѝ се заканувал на наставничката. Тој е во притвор додека трае истрагата. Засега не е познато што довело до оваа драма.
ДРАМА ВО ГРАДИНКА УТРОВО: Татко под закана со нож ја земал воспитувачката за заложник
Advertisement
Advertisement
Advertisement