Дожд и ветер на почетокот од неделата – Еве кога ќе се стабилизира времето

News

Според прогнозите на метеоролозите, почетокот на следната недела ќе биде во знакот на променливо и нестабилно време. Во понеделник и вторник се очекуваат облачни периоди, а во вторник претпладне ќе има и локални врнежи од дожд.


Ќе дува умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието, што дополнително ќе го засили чувството на свежина.
Од среда, па сè до крајот на неделата, следува стабилизација на временските услови. Ќе преовладува сончево и суво време со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат пријатни за овој дел од годината.

Метеоролозите најавуваат дека стабилното време ќе се задржи и за време на викендот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *