Advertisement
Advertisement
Две лица се убиени во престрелка што се случила во кафеана во Клина, јавија приштинските медиуми. Портпаролот на КП за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши, изјави дека инцидентот се случил околу 17:00 часот. Тој наведува дека едното лице починало на лице место додека другото со повреди е пренесено во болница. Според сознанијата на Коха, и ова лице починало. Во исто време медиумите јавуваат дека е уапсено едно лице.
Advertisement