Емотивен текст – Нашите деца заборавија што е да си среќен. Ние сме виновни!

news
Advertisement


Е да, јас сум позната личност, ме гледате како солам памет, пишувам што е добро и што е лошо – ама од ова срам ми е да ви се претсавам! Даскалот!

Advertisement

Гледајќи во фотографијата направена од еден млад репортер, кој случајно чкрапнал на апаратот, ми излезе пред очи болната реалност на денешното време. Таа реалност која ние сме ја нашминкале во европски бои, која ја прикажуваме како амерички сериал, таа реалност која во суштина наликува, односно потсеќа на некогашниот индиски филмски хит “Децата на Бомбаи”. Тоа ромско дете ме потсети на нашата реалност, на разликите коишто постојат меѓу нас во ова општество, во еден град, село а можеби и во маалото каде живееме.

Тоа дете, што можеби не се вози со нејзиниот велосипед во овој летен дожд, ме потсети колку сме себични, алчни и нехумани. Гледајќи во нејзиното скриено задоволство кое зрачи слобода, крилја…, ме натера да им кажам на моите деца дека задоволството не можам да им го подарам со скапиот одмор во странство, последната марка на таблет или патиките от СитиМол. Малото ангелче ме натера да се срамам од себеси, затоашто моите деца растат со условот “земи 5-ка добиваш подарок” заборавајки да ги потсетам што беше тоа да си среќен и задоволен. Тоа ангелче ме потсети да ви кажам и на вас дека нашите деца нема да се посреќни и нема да растат поголеми ако до нив растат деца како неа без никави услови.

Без да филозофирам: земете една од многуте кукли, една од многуте блузи, тренерки, топки…, или стариот точак кој ќе ‘рѓоса во подрумот и дајте го на вашето дете да го подари, направете едно друго дете среќно. Верувајте тоа ќе го направи и вашето дете среќно и конечно ќе го почувствува тоа./monitor.mk
Текстот е авторски и сите права за публикација ги има monitor.mk!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.