Ердоган: Ако загубам на изборите, мирно ќе поднесам оставка

news
Advertisement

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот вечерта дека ќе го прифати резултатот од изборите во недела и ќе се повлече од функцијата доколку загуби, а се осврна на загриженоста дека можеби нема да ја напушти власта.
„Многу смешно прашање. Доаѓаме на власт преку демократски средства во Турција. Ако нашата нација одлучи поинаку, јас ќе го направам она што го бара демократијата, нема што друго да се прави“, изјави Ердоган доцна во петокот на телевизијата на прашањето дали ќе ја предаде власта.

Advertisement

Неговиот блок ќе ги почитува „сите резултати што доаѓаат од гласачките кутии“, додаде Ердоган.

Ако опозицијата е загрижена за безбедноста на изборите, треба да ги надгледува сите избирачки места и да се грижи за безбедноста исто како што тоа го прават сопартијците на Ердоган, рече тој.

„Волјата на нацијата не смее да биде компромитирана“, додаде Ердоган. Турскиот претседател рече и дека верува оти ќе биде реизбран за уште еден мандат и оти в недела ќе обезбеди парламентарно мнозинство.

По 20 години на чело на Турција, Ердоган се соочува со својот најтежок изборен тест поради негодувањето на јавноста поради економските тешкотии, неговото справување со последиците од масовните земјотреси во февруари и околу 3,5 милиони сириски бегалци. Според анкетите, кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу е малку пред Ердоган.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *