Ескобар: Македонија е пример во регионот

news
Advertisement

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар повторно порача дека би сакал да види „повеќе Европа кон Западен Балкан.

Advertisement

Тој побара поголемо учество на земјите од Западен Балкан во европските структури.

-Дефинитивно ни треба повеќе Европа и повеќе САД во регионот. Многу сум оптимистичен за пристапните преговори на Северна Македонија, ако погледнете како земјата се справи со кандидатурата. Таа е пример во регионот – вели Ескобар.

Тој додава дека С. Македонија сторила се за да се отвори првата врата од пристапните преговори со Унијата.

-Верувам дека оваа Влада има волја, дека луѓето во Северна Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ – порача Ескобар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *