Животот во Македонија поскапе многу.Погледнете во бројки во однос на лани

news
Advertisement

Храната и струјата поскапеа за 20 отсто, горивото над 40 отсто, парното за 30 отсто. Додека зголемувањето на просечната плата не може да следи по овие зголемувања. На четиричлено семејство во Македонија му требаат 100 евра повеќе од лани за да го преброди месецот.
Просечната плата лани се зголемила за речиси 3 илјади денари и достигнала 31.400 денари, но овие пари денес вредат помалку од 28.700 денари колку што изнесувала просечната плата лани, покажуваат податоците на Државната агенција за статистика.

Advertisement

Официјалните податоци покажуваат дека платите се зголемени за 9 отсто во однос на минатата година, но трошоците за живот се зголемени за 14 отсто, така што просечната плата е помала за 2,3 отсто.
Слични податоци покажуваат и оние на Сојузот на синдикати на Македонија. Потрошувачката кошница за четиричлено семејство пред една година беше 34.000 денари, додека сега им требаат 5.500 денари повеќе, поточно синдикалната кошничка е 39.700 денари.
Прехранбените производи во јуни биле за над 20 отсто повисоки од истиот месец лани. Лебот поскапува за 30 отсто, маслото за 50 отсто, шеќерот, месото, млекото, зеленчукот и јајцата за 20 отсто.

Владата во март го намали ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула и ја ограничи маржата за трговците. Од 1 јуни овие мерки престанаа да функционираат, па дојде до драстично зголемување на цените на некои производи. За да го ограничи зголемувањето на цените, владата повторно воведе ограничување на маржите.
Пред точно една година, на почетокот на август 2021 година, бензинот Еуросупер 95 беше 71 денар, а дизелот 60 денари. Еуросупер 95 денеска е 95,5 денари, а дизелот 94 денари. Тоа значи дека бензините поскапеле за 35 отсто, а дизелот за речиси 60 отсто.

Ако трошите 40 литри гориво месечно, годинава тоа е за 1000 до 1400 денари повеќе од лани.
Според државната статистика, во споредба со лани транспортот е поскап за над 30 отсто. Ова автоматски доведува до зголемување на цената на сите стоки и услуги, бидејќи станува поскапо да се донесе секој производ во продавницата.
Поскапе и меѓуградскиот превоз, но градскиот превоз во Скопје остана со истите цени.
Владата во март ги намали ДДВ-то и акцизата на дериватите, но таа мерка беше укината на 1 јуни, по што горивата веднаш поскапе за 9 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.