Жив срам: Кардашијан води љубов на секоја страна, а ќерка и со скандали уште на 10 години!

news
Advertisement

Кортни Кардашијан редовно е во центарот на вниманието на медиумите поради своето однесување. Изгледа дека не знае или едноставно не се грижи за некои основни правила на пристојност и не сфаќа дека не мора да подлегнува на секој каприц на својата ќерка.
Сепак, нејзиното недолично однесување во јавноста со својот сопруг Травис, поради што неколку пати досега се најдоа на столбот на срамот цел, не е толку проблематично колку што е нејзината незаинтересираност за воспитувањето на 10-годишната ќерка Пенелопе.

Advertisement

Додека нејзината мајка ја користи секоја пригода да разменува нежности во јавност со тапанарот, Пенелопе важи за најразгаленото дете во семејството Кардашијан. За тоа се свесни и сестрите на Кортни, Ким и Клои, пред се’ поради скандалите што ги направи малата Пенелопе. Таа во неколку наврати ги напаѓала и претепувала своите бебиситерки, а во една пригода со братучетката Норт Вест се обидела и да ги запали. Од оваа причината сестрите Ким и Клои се обиделе да ја предупредат нивната сестра велејќи:

Мора да ја научиш на некои работи, инаку за 10 години институциите ќе го направат тоа наместо тебе“.
Изгледа нивните зборови не ѝ значеле на Кортни, бидејќи таа продолжила да биде крајно попустлива кон својата ќерка, а новата објава на малата Пенелопе го шокира светот.

Имено, таа им се пофали на своите следбеници на ТикТок со новата боја, која неизбежно и’ ја оштети косата, што може да се види и на новите фотографии.

@pandkourt♬ to the salon – char 😵‍💫
Како што коментираат многумина, проблемот не е во ужасно оштетените врвови, туку во фактот што Пенелопе е сè уште само дете, несвесно за последиците од своето однесување, а тие бои го оштетуваат фоликулот и коренот на косата каде трајно може да и ја уништат косата.

„Рано е за фарбање“, „Косата и’ е страшна“, „Кортни можеше помалку да се „занимава“ со сопругот и да поминува повеќе време со децата“, „Им ги исполнува каприците на децата и на тој начин ги купува“, „Зошто ја уништуваш убавата коса, Пенелопе? Ова е страшно“, „Што му направи на детето?“… Ова се само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат на Интернет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.