Advertisement
Жители на Њујорк со магнет барале богатство, oд езеро извлечен сеф со 100.000 долари
Advertisement
Трагачи на богатство рекле дека додека пребарувале езеро во Њујорк со магнети, извадиле сеф во кој имало околу 100.000 долари. Џејмс Кејн и Барби Агостини во петокот фрлиле јаже со магнети во езерото во паркот Флешинг Медоус Корона во Квинс и го извлекле сефот.
Кога го отвориле, внатре пронашле голема количина банкноти од 100 долари кои биле оштетени од водата. Двојката тврди дека полицијата во Њујорк им дозволила да ги задржат парите бидејќи пронајдениот сеф не бил поврзан со криминални активности.
Advertisement