Заев, Ахмети и Ковачевски на средба во Скопје – еве за што разговарале

news
Advertisement

„Клан Македонија“ ексклузивно дознава дека поранешниот премиер Зоран Заев, премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретнале денеска во Скопје.

Advertisement

Овој портал пренесува дека Заев, Ковачевски и Ахмети имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори.

Како што пренесуваат, работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но без детали за другите теми кои се дискутирале.

Инаку, една ваква средба со работен ручек Заев – Ахмети, пред една година се одржа во Струмица, пишува „Клан Македонија“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.