Запознајте ја новата 80 годишна Мис Универзум од Јужна Кореја: „Може да си убав и во старост“ ВИДЕО

Запознајте ја новата 80 годишна Мис Универзум од Јужна Кореја: „Може да си убав и во старост“ ВИДЕО

news
Advertisement

Запознајте ја новата 80 годишна Мис Универзум од Јужна Кореја: „Може да си убав и во старост“ ВИДЕО

Advertisement

Чои Сун-хва e 80 годишна жена од Јужна Кореја која во моментов е најстарата учесничка за учество на Мис Универзум.

Чои беше претставена претходно овој месец како една од 32-та финалистки на годишниот избор за убавина, чиј победник ќе ја претставува земјата на финалето на Мис Универзум во Мексико во ноември, објави Си-Ен-Ен.

Таа за американската телевизиска мрежа изјавила дека со учеството на натпреварот сакала да покаже дека е можно да се одржи здравјето и убавиот изглед и во староста.

Чои, која има три внуци и ќе наполни 81 година следниот месец, за Си-Ен-Ен изјави дека е возбудена што ќе ја претставува својата земја во странство, наведувајќи ја поддршката од нејзините деца и внуци.

Мис Универзум со децении спроведуваше строги ограничувања на возраста и им дозволуваше на жените на возраст од 18 до 28 години да се натпреваруваат, но од оваа година, горната старосна граница е укината поради зголемените барања за модернизација.

Минатата година организацијата ја укина долгогодишната забрана за учество на трудници, родилки и жени кои се во брак или разведени.

Во Канада оваа година на изборот за Мис Универзум учествуваше 58-годишна жена, а во Аргентина 60-годишна жена.

Во моментов најстарата учесничка во финалето во Мексико е 40-годишната Беатрис Њоја од Малта, која е мајка на три деца, иако уште неколку земји допрва треба да ги изберат своите претставници.

Advertisement