Тажна вест споделија од Националната опера и балет.
Оттаму информираат дека со длабока тага ја примиле веста за смртта на Галина Гацева (1948-2026), долгогодишен корепетитор во балетот при МОБ.

„Нејзината посветеност, музикалност и тивка, но неизмерна поддршка на генерации уметници ќе останат трајно вградени во нашата работа и спомени. Длабоко сочувство до семејството“, пишува во објавата.