Ивана Трамп погребана на терен за голф?!

news
Advertisement

Ивана Трамп почина од повредите здобиени при пад во нејзиниот стан во Њујорк, а неодамна беше погребана на место што многумина го сметаат за необична локација.

Advertisement

Нејзиниот поранешен сопруг,екс претседателот на САД, Доналд Трамп, инсистираше Ивана да биде погребана на неговиот терен за голф во Бедминстер, Њу Џерси.

Јавноста беше изненадена од одлуката на семејството да ја погреба Ивана на терен за голф, а сега се појавија фотографии од нејзиниот гроб и сите се запрепастени од тоа што го гледаат!

Мајката на трите деца на Трамп е погребана без споменик или друг маркер освен обична плоча со само неколку зборови на неа.

Вака изгледаше погребот на Ивана Трамп.

Семејството Трамп, ќерката Иванка, синовите Доналд Јуниор и Ерик се простија од Ивана со трогателни зборови, но ниту една нивна реченица не заврши на надгробната плоча.

На плочата е напишано само името на Ивана, датумот на раѓање и датумот на смртта.

На неукрасениот гроб има скромен букет бели цвеќиња. „ТМЗ“ пренесува дека се уште не е познато зошто Трамп одлучил да ја погреба поранешната сопруга на својот терен за голф, но познато е дека тој ја покренал процедурата за добивање дозволи за повеќе гробни места во рамките на спортскиот клуб што го поседува

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.