Избоден затвореник во затворот „Идризово“

news
Advertisement

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница
Макфакс06/08/202213:29 1.142
Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба, 36-годишниот американски државјанин од Струга завршил бил пренесен во болница.

Advertisement

Тој е задржан на КАРИЛ, во тешка здравствена состојба. До инцидентот дошло откако претходно, затвореникот добивал закани во одделение каде бил сместен и истите според неофицијални информации, ги пријавувал до заповедникот и директорот Шпенд Тахири. Случајот е пријавен и во полиција, од каде вчера екипи правеле увид.

„Во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга“, велат од МВР.

„Во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга“, велат од МВР.

Затвореникот кој сега е во болница, неофицијално, барал преместување од одделението каде бил, во друго одделение. За ова ја известувал Управата, а со тоа требало да биде известен и директорот Шпенд Тахири. Сепак, тие одлучиле да остане таму каде е веќе сместен.

Обидот за убиство со остар предмет доаѓа само еден месец откако во „Идризово“ имаше претреси и беа одземани недозволени предмети. По ова, беше разрешен тогашниот директор Реџеп Реџепи. Но и покрај претресите, ножеви и други недозволени предмети се уште има кај затворениците, покажува и овој случај.

Засега нема реакција од Управата за извршување санкции, дали ќе побара одговорност и од новиот директор на затворот поради овој случај./tocka.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.