Измамата со „воскреснатиот“ смрзнат човек што ја инспирирала авторката на „Франкештајн“

news
Advertisement

Жешкото лето 1826, Британците наседнале на приказна за жртва на лавина, човек кој по некое чудо излегол жив од под мразот откако таму минал цели 166 години. Мери Шели, радосна што наишла на таков наративен „штоф“, напишала есеј инспириран од писмата на наводниот преживеан. Зошто луѓето паѓаат на измами, и што е тоа во врска со конкретни лажни приказни што продолжуваат да ја поттикнуваат јавната имагинација, дури и откако измамата е разоткриена? Случајот со Роџер Додворт од 1826 успеал да измами толку многу луѓе што еден краток расказ, објавен речиси четириесет години подоцна, се уште звучел вистинито. 

Advertisement

Велика Британија минувала низ необично жешко лето таа година, а медиумите го искористиле овој факт за да профитираат од необичната и морничава приказна за таканаречениот Роџер Додсворт. Според весници во Лион, Руен и Париз, тој бил 31-годишен син на антиквар од 16 век со истото име. Синот бил замрзнат цели 166 години, откако бил заробен под лавина која го проголтала додека бил на експедиција на Алпите во 1660. Приказната била преземена во Лондон, а тогаш најпопуларните медиуми додале уште повеќе оган на маслото на веќе сензационалната приказна. 

Дури и конзервативното неделно списание „Џон Бул“ објавило писма кои наводно биле напишани од преживеаниот. Јавноста, под наплив на имагинација и емоции кои го моделирале добата на романтизмот, била заведена од сторијата. 

По некое време здравиот разум надвладеал, па читателите прифатиле дека целиот случај е лажен. Неговата популарност не траела ни една година. Сепак, тој оставил траен белег како инспирација на една од најголемите писателки на тоа време – Мери Волстонкрафт Годвин Шели. Откако мажот ѝ починал во 1822, таа била самохрана мајка која пишувала приказни за да се прехрани себеси и синот. Постојано барала нов материјал, па ова со Додсворт сигурно ѝ се видело како наративно „само месо дома дошло“. Врз основа на лажните писма објавени во печатот од наводниот преживеан, таа напишала есеј и го испратила до уредникот на Њу Мантли магазин. 

На тој уредник му биле потребни 37 години (!) да го отпечати есејот. Во 1863 тој се појавил под наслов „Реанимираниот Англичанец“.  Напишан е во форма на писмо, слично како и неговиот претходник, многу пославниот „Франкештајн“ и ја раскажува „вистинската“ приказна на кутриот замрзнат Роџер Додсворт, преку мешавина на научна и историска фикција. Тој се вклопува во најголемата фасцинација на авторката – како да се прелаже смртта, или преку научни, или преку алхемиски средства. Така, „Франкештајн“ е за луд гениј кој конструира свесно суштество со делови од мртво тело. А нејзината помалку позната приказна „Смртниот бесмртник“ е за асистент на професор кој голта еликсир кој му овозможува да живее повеќе од 300 години.  

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.