Измамниците кои со фотографии од болни и мртви деца со измама собираат донации од граѓани кои се наклонети на нивната приказна, лансираа нова измама. Во неколку европски земји се појавија лажни хуманитарни кампањи, а овој пат тврдат дека и помагаат на Софија Марин, „неверојатна девојка која се бори против реткиот рак наречен невробласт“. „Таа сонуваше да стане лекар и да им помага на другите, но сега и треба нашата помош за да преживее“, се вели на страницата на Фејсбук што ја користеле измамниците за собирање донации. Тврдат дека собрале повеќе од 80.000 евра На страната за донации има бројач на кој се гледа дека наводно веќе е собрана сума од 80.850 евра. Целта, стои на страницата, е да се соберат 597.743 евра. Меѓу донаторите има имиња на лица од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија… Не може да се провери дали се работи за вистински донации. Ја користат истата страница како и измамата за „Алекса“. Фејсбук страницата „Придружете ни се во спасувањето на Софија Марин“ претходно беше наречена „Алекс – секогаш силен“. Во тоа време измамниците користеле украдени фотографии од момче кое боледувало од тумор и во меѓувреме починало за да соберат донации. Украдени фотографии од болно девојче од Украина Претходно имаше и кампања наречена „Софија мора да преживее“. Измамниците користеле фотографии од девојче од Украина, за која била покрената хуманитарна акција во Полска. Фотографиите на девојчето се украдени, а нејзината приказна е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на бугарски. „Овие средства секако не стигнуваат до Софија. Семејството потврди дека собира пари само преку полската кампања“, рече тогаш Павел Андреев, основач на PavelAndreev.BG, бугарска платформа за собирање донации. Бугарските медиуми тогаш објавија дека се појавила уште една кампања – онаа за болното девојче Ана. Павел Андрееев за бугарската телевизија Нова изјави дека измамниците се наоѓаат во земји од третиот свет кои не соработуваат во откривањето на измамите.
ИЗМАМА: Хуманитарната акција за помош на Софија Марин е ИЗМАМА – не уплатувајте пари
Advertisement
Advertisement
Advertisement